• четврток, 15 јануари 2026

Општина Виница ги повикува граѓаните да го одржуваат зеленилото на приватните имоти

Општина Виница ги повикува граѓаните да го одржуваат зеленилото на приватните имоти

Виница, 14 јануари 2026 (МИА) - Општина Виница ги известува граѓаните дека во согласност со Законот за урбаното зеленило сопствениците и корисниците на приватни имоти се должни да го одржуваат зеленилото во своите дворови.

- Дрвјата чии гранки навлегуваат на јавни површини (улици, тротоари и сл.) мора да бидат соодветно искастрени со цел обезбедување безбедно и непречено движење. Рокот за постапување е 90 дена од денот на објавувањето на ова известување - се нагласува во денешното соопштение од Општината.

Локалната самоуправа на Општина Виница апелира до граѓаните навремено да ја исполнат оваа обврска. Во спротивно, ќе се постапува во согласност со законските прописи и надлежностите на општинските инспекциски служби. ис/дма/


Фото: Општина Виница

Остани поврзан