• вторник, 25 јуни 2024

ПОЦ: За една недела санкционирани 178 непрописно паркирани возила

ПОЦ: За една недела санкционирани 178 непрописно паркирани возила
Скопје, 9 ноември 2021 (МИА) - Во текот на изминатата недела ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционирале 178 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. -Во периодот од 01.11. до 07.11.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 96 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 82 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ПОЦ. ЈП ПОЦ и Општина Центар потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците. аа/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан