• понеделник, 16 септември 2024

Поставен камен-темелник на нова македонска црква во Берлин

Поставен камен-темелник на нова македонска црква во Берлин

Скопје, 15 септември 2024 (МИА) - Во Берлин денеска беа осветени и поставени темелите на нов храм на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, посветен на „Св. Климент Охридски", објави Европската епрахија на својот Фејсбук профил.

Чинот на осветуванье го изврши архиепископ охридски и македонски г.г Стефан во сослужение со митрополитот на Европската епархија г. Пимен и митрополитот на Тетовско- гостиварската епархија г. Јосиф, како и бројни свешенослужители од МПЦ-ОА.

Беше одржана и архиерејска литургија, а потоа организирана и културно - уметничка програма со Ангел Стојкоски, музичката група „Доминанта“ и фолклорниот ансамбл „Македонско Сонце” од  Диселдорф.са/лв/

Фото: Европска епархија ФБ

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан