• четврток, 27 јуни 2024

Поставени 12 уреди за хранење на бездомните животни во Бутел

Поставени 12 уреди за хранење на бездомните животни во Бутел
Скопје, 30 март 2020 (МИА) - Општина Бутел заедно со здружението „Амос Шелтер“ денеска постави 12 уреди за хранење на гладните и бездомни кучиња, на сите фрекфентни локации во населбите на општината. Целта на иницијативата, како што соопштија денеска општинските власти, е да им се помогне на животните да ги надминат овие тешки времиња. Од Ппштината информираат дека секојдневно ќе вршат достава на храна за бездомните кучиња на локации каде што фрекфенцијата на луѓето е намалена, а поголем дел од рестораните се затворени. - Во овие тешки времиња, кога многумина внимаваат за своја безбедност и своето здравје, надвор остануваат многу гладни бездомни кучиња кои секојдневно страдаат. Во овој момент има доволно храна, но во иднина секој што сака да ги нахрани кучињата ќе може храната да ја остави во садовите кои се наоѓаат на сите фрекфентни локации во населбите на општината, соопштуваат од општината. Оттаму посочуваат дека ова ќе биде една од многуте иницијативи во иднина каде ќе се обидат да им помогнеме на што е можно повеќе бездомни животни. бт/сп/

Остани поврзан