• вторник, 05 ноември 2024

Поскапува дизелот, цените на бензините остануваат исти

Поскапува дизелот, цените на бензините остануваат исти
Скопје, 8 јуни 2022 (МИА) - Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за 2,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,09 отсто. Новата малопродажна цена на Еуродизел (ДЕ-V) ќе изнесува 104,5 денари по литар, Еуросупер 95 и понатаму ќе се продава за 110, а Еуросупер 98 за 112 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за три денари за литар се зголемува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе чини 102,5 денари за литар. Иста останува цената на Мазутот М-1 НС кој и понатаму ќе се продава за 55,508 денари за килограм. Како причина за новите цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 0,8 отсто и кај дизелот за 3,797 отсто, како и за 0,056 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот. вј/сп/

Остани поврзан