Порто негираше дека се води истрага против тимот
- Списанието „Сабадо“ објави дека властите ги испитуваат Порто и Хорхе Нуно де Лима Пинто да Кошта за трансфери на играчи во минатото. Порто сподели дека ниту кон клубот, ниту кон Кошта досега
Порто, 6 февруари 2020 (МИА) -Португалскиот фудбалски клуб Порто ги негираше написите во локалните списанија дека тимот и претседателот се под истрага за даночни измами и перење пари поврзани со трансфер на играчи, како што се Радамел Фалкао и Икер Касиљас.
Списанието „Сабадо“ објави дека властите ги испитуваат Порто и Хорхе Нуно де Лима Пинто да Кошта за трансфери на играчи во минатото. Порто сподели дека ниту кон клубот, ниту кон Кошта досега не е пријдено од властите за слична истрага.
Клубот додаде дека времето на објавување на информациите е сомнително затоа што доаѓа непосредно пред дербито на португалскиот шампионат против Бенфика.
Двата клуба ќе играат еден против друг во сабота во Порто. Домаќините се седум бода зад шампионот и лидер во рангот, Бенфика по 19 одиграни натпревари оваа сезона.