• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пораст на дневните, но се уште минусни утрински температури

Пораст на дневните, но се уште минусни утрински температури

Скопје, 20 март 2025 (МИА) - Утре ќе се задржи сончево време со пораст на дневните температури, додека утринските насекаде ќе бидат негативни.

Како што информираат од УХМР, во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. сст/дма/

Фото МИА архива

Остани поврзан