• петок, 22 ноември 2024

Поранешни генерали ја негираат можноста од државен удар во Бразил

Поранешни генерали ја негираат можноста од државен удар во Бразил
Бразилија, 22 јуни 2020 (МИА) - Поранешни генерали и аналитичари оценија дека бразилската армија нема да одговори на повикот за соборување на Конгресот и Врховниот суд, кој беше испратен во последните неколку недели на демонстрациите на кои присуствуваше и претседателот Жаир Болсонаро. Аналитичарите тврдат дека Болсонаро им дозволил на своите приврзаници да шират закани кон демократските институции. Земјата се соочува со економски пад и најголем број заразени со коронавирус во светот по Соединетите Американски Држави. Според тројца поранешни генерали, не постои опасност од воена интервенција во земјата, но тие изразуваат загриженост дека вооружените сили биле неправедно политизирани од страна на Болсонаро. Тој инсистира на тоа дека ќе го брани уставот на Бразил, но судот го обвини дека ја користел својата власт и не презел ништо за да ги спречи своите приврзаници да бараат воена интервенција. Како што пренесуваат странските агенции, забелешките на Болсонаро и неговите соработници следеа откако Врховниот суд донесе пресуда дека треба да се спроведе истрага за кампањата за ширење дезинформации и заплашување, водена од приврзаници на претседателот на социјалните мрежи, кои одиграа важна улога во неговата победа на изборите во 2018 година. Заканите на бразилскиот претседател за соборување на демократските институции се насочени кон заплашување на неговите ривали, обвинителството и Врховниот суд, велат аналитичарите, но воените команданти јавно ја отфрлија можноста за државен удар. паг/  

Остани поврзан