• петок, 22 ноември 2024

Поранешниот шеф на кинеската дипломатија Чин Ганг поднесе оставка од пратеник

Поранешниот шеф на кинеската дипломатија Чин Ганг поднесе оставка од пратеник

Пекинг, 28 февруари 2024 (МИА) - Поранешниот кинески министер за надворешни работи Чин Ганг, кој беше сменет од оваа позиција минатата година, а потоа со месеци не беше виден во јавноста, поднесе оставка од своето пратеничко место, објави државната агенција Ксинхуа.

Ганг (57), кој важеше за близок соработник на кинескиот претседател Си Џинпинг, дојде на чело на Министерството за надворешни работи во декември 2022 година, но беше сменет седум месеци подоцна.

Неговото разрешување беше изненадување, а надлежните не објавија никакво објаснување за тоа.

Тој го задржа своето место како претставник во Парламентот, тело контролирано од владејачката Комунистичка партија на Кина.

„Оставката на Чин Ганг е прифатена“, објави вчера Ксинхуа.

Веста беше објавена пред почетокот на годишната седница на кинескиот Парламент во Пекинг, што почнува следната недела, а на која собираат околу 3.000 пратеници.

Ванг Ји, кој беше министер пред Чин Ганг, се врати на функцијата по смената на Чин. сд/

Остани поврзан