• петок, 22 ноември 2024

Поранешниот советник на Манчестер сити за прекршување на ФФП: Има 130 обвиненија, а не 115, Премиер лигата погреши од самиот почеток

Поранешниот советник на Манчестер сити за прекршување на ФФП: Има 130 обвиненија, а не 115, Премиер лигата погреши од самиот почеток

Лондон, 23 јуни 2024 (МИА) - Поранешен советник на Манчестер сити откри дека Премиер лигата поднела повеќе од објавените 115 обвиненија.

Премиер лигата е убедена дека Сити ги прекршил финансиските правила на лигата и случајот ќе биде разгледан на крајот на 2024 година.

-Всушност, не се 115, туку 130. Но, поради првичната грешка направена од Премиер лигата и раните брифинзи за медиумите, тие зборуваат за 115. Ова се многу сериозни обвинувања, изјави Стефан Борсон во подкаст на „Би-Би-Си“.

Во случај да биде прогласен за виновен, Манчестер сити може да бид еисфрлен од најсилната фудбалска лига во Англија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан