• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Конте: Ние сме големиот конкурент на Интер и ќе се обидеме да го ставиме под притисок

Конте: Ние сме големиот конкурент на Интер и ќе се обидеме да го ставиме под притисок

Неапол, 13 април 2025 (МИА) - Тренерот на Наполи, Антонио Конте истакна дека неговиот тим нема да го потцени утрешниот натпревар на домашен терен против претпоследниот во Серија „А“ - Емполи.

Тој увери и дека „наполитанците“ ќе продолжат да се борат со лидерот Интер за шампионската титула.

-Опасности има на секој натпревар од сега до крајот на кампањата. Секој тим си ја следи својата цел која мора да ја постигне, без разлика дали е тоа борба за опстанок, учество на европски турнири или Скудето. Ние бевме релативно константни оваа сезона. Имавме периоди со серија на победи, но тоа што сме во врвот на табелата значи дека нашиот пат е многу добар. Секогаш е потешко во вториот дел од сезоната бидејќи има повеќе стратешко размислување и натпреварите се поизедначени. Сите ние внимателно се проучувавме во оваа фаза. Ние сме големиот конкурент на Интер и ќе се обидеме да направиме нешто исклучително и да го ставиме под притисок, изјави Конте. дс

Фото: Архива

Остани поврзан