• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро се опоравува по 12-часовна операција

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро се опоравува по 12-часовна операција

Бразилија, 14 април 2025 (МИА) - Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро се опоравува по операцијата која траеше 12 часа.

Ова е петта хируршка интервенција на која Болсонаро е подложен од 2018 година. Беше прободен со нож во стомакот за време на кампањата.

-Операцијата беше успешна, напиша на социјалните мрежи неговата сопруга Мишел. 

Хируршкиот тим соопшти дека се поминало добро и дека поранешниот претседател сега е во стабилна состојба и не чувствува никакви болки. 

Седумдесетгодишниот лидер на екстремната десница беше хоспитализиран во петокот откако почувствувал силни болки во стомакот за време на состанокот со поддржувачите. Поради влошување на симптомите, Болсонаро мораше да ја прекине турнејата низ североисточниот дел на Бразил. Во саботата вечерта тој беше префрлен во болница во главниот град Бразилија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан