• недела, 07 јули 2024

Поранешниот американски амбасадор во Боливија 40 години шпионирал за Куба

Поранешниот американски амбасадор во Боливија 40 години шпионирал за Куба

Вашингтон, 4 декември 2023 (МИА) - Поранешен американски амбасадор во Боливија и член на Националниот совет за безбедност е обвинет за шпионирање за Куба цели 40 години, соопшти денска Министерството за правда на САД.

Обвиненијата против Виктор Мануел Роча (73) „ја разоткриваат една од најдостапните и најдолготрајните инфилтрации во владата на САД од страна на странски агент“, рече државниот обвинител Мерик Гарланд објаснувајќи ги обвиненијата.

Роча, натурализиран американски државјанин по потекло од Колумбија, наводно почнал да и помага на Хавана како „таен агент на Генералниот директорат за разузнавање на Куба“ во 1981 година, а неговите шпионски активности продолжиле до денес, се вели во соопштението.

„Оние кои имаат привилегија да служат во владата на САД, добиваат огромна доверба од јавноста на која им служиме“, рече Гарланд.

„Да се предаде таа доверба со лажно ветување за лојалност кон Соединетите држави додека и служи на странска сила е злосторство што ќе биде одговорено со целосна сила на Министерството за правда“.

Роча, кој беше член на Советот за национална безбедност од 1994 до 1995 година во администрацијата на Бил Клинтон и беше амбасадор во Боливија од 2000 до 2002 година во времето на Клинтон и Џорџ Буш, треба да се појави на суд денеска на Флорида. ссм/

Остани поврзан