Пораки на дел од лидерите во светот за инцидентот во кој е повреден поранешниот американски претседател Доналд Трамп
- Меѓународни лидери објавија на социјалните мрежи пораки со поддршка откако поранешниот претседател Доналд Трамп беше повреден денеска на митинг во Пенсилванија.
![Пораки на дел од лидерите во светот за инцидентот во кој е повреден поранешниот американски претседател Доналд Трамп](https://new.mia.mk/default-image/default-730x400.png )
Вашингтон, 14 јуни 2024 (МИА) – Меѓународни лидери објавија на социјалните мрежи пораки со поддршка откако поранешниот претседател Доналд Трамп беше повреден денеска на митинг во Пенсилванија.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху: „Сара и јас сме шокирани од очигледниот напад врз претседателот Трамп. Се молиме за негова безбедност“.
Претседателот на Хондурас Ксиомара Кастро де Зелаја: „Насилството генерира повеќе насилство. Жал ми е за она што се случува во изборниот процес во САД. Мојата солидарност со @realDonaldTrump“.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан: „Моите мисли и молитви се со претседателот @realDonaldTrump во овие темни часови“. зш/