Поради силниот ветер проблеми во бродскиот сообраќај во Грција
- Силниот северен ветер што во одредени делови во Егејско Mоре достигнува до осум до девет бофори создаде проблеми во бродскиот сообраќај во Грција, јави дописничката на МИА од Атина
Атина, 2 јануари 2020 (МИА) - Силниот северен ветер што во одредени делови во Егејско Mоре достигнува до осум до девет бофори создаде проблеми во бродскиот сообраќај во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
На најголемото грчко пристаниште Пиреас не поаѓаат бродовите за Кикладските Острови, а забрана за пловидба на сите бродови има на атинските пристаништа Лаврио и Рафина. ср/ми/