• сабота, 18 мај 2024

Поради обилни дождови се урна антички храм во Индија, загинаа девет лица

Поради обилни дождови се урна антички храм во Индија, загинаа девет лица

Њу Делхи, 14 август 2023 (МИА) - Девет лица загинаа, а десетици останаа заробени откако древниот хинду храм Ањани Махадев Мандир се урна поради обилните дождови во северната индиска држава Химачал Прадеш, пишува Би-Би-Си.

Спасувачките операции се во тек откако свлечиште погоди храм во популарниот туристички град Шимла. Во Химачал Прадеш изминативе неколку дена врне силен дожд, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето.

Дваесет и едно лице загина во последните 24 часа во несреќи поврзани со дождовите. Државниот министер Сухвиндер Синг Суху изјави на местото на одронот дека околу 20 до 25 луѓе би можеле да бидат заробени под урнатините.

Видеата споделени на социјалните мрежи во изминатите неколку дена покажуваат дека реката носи куќи и возила, како и дрвја на врвот на автомобилите.

Неколку часа пред да се урне храмот, седум лица загинаа во невреме во областа Солан. Министерот Суху апелираше до луѓето во државата да останат дома поради дождот, јавува Би-Би-Си. мс/

фото: Јутјуб

Остани поврзан