• недела, 14 декември 2025

Поради дефект без вода дел од населба Драчево

Поради дефект без вода дел од населба Драчево

Скопје, 14 декември 2025 (МИА) - Поради уличен водоводен дефект од Ф100мм на ул. „Партизански Пат“ – 2 населба Драчево (кај резерварот) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа и од улицата „Илија Ристовски“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:30 часот до завршување на санацијата на дефектот. сст/дма/

Фото МИА архива

Остани поврзан