Променливо облачно со сончеви периоди и студено
- Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните делови од земјата ќе дува умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 Целзиусови степени.
Скопје, 13 јануари 2026 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во западните делови од земјата ќе дува умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 Целзиусови степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од утре во котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.вј/лв/
Фото: МИА архива