• среда, 03 јули 2024

Поради високи сметки за електрична енергија и гас, затворениот градски базен во Куманово нема да работи

Поради високи сметки за електрична енергија и гас, затворениот градски базен во Куманово нема да работи
Куманово, 18 октомври 2022 (МИА) - Затворениот градски базен во Куманово нема да работи се до април наредната година, соопштија денеска надлежните. Одлуката ја донесе ЈП „Чистота и зеленило“ кое одлучи да го затвори базенот поради високите сметки за електрична енергија и гас.
  Општинската организација на СДСМ веднаш реагираше за затворањето на спортскиот комплекс, истакнувајќи дека локалната власт предводена од градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски го отфрлила предлогот за зголемување на основачкиот влог на „Куманово гас“ за осум милиони денари, од кои три милиони денари да одат на сметка на ЈП „Чистота и зеленило“ за работата на затворениот градски базен, а пет милиони денари за субвенционирање на граѓаните кои користат гас. - Затоа како одговорен субјект кој работи во интерес на граѓаните, СДСМ и советничката група на СДСМ и коалицијата сметаме дека општина Куманово има можност и понатаму да го субвенционира работењето на базенот, нема дополнително многу да ја оптовари што е и од јавен интерес за Куманово и кумановци и воедно да не се создаваат дополнителни штети и оштетувања, рече на прес-конференција координаторот на советничка група на СДСМ во Советот на општина Куманово Александар Јовановски. Денеска реагираше и директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ и претседател на движењето „За наше Куманово“ Данеил Стојчевски, кој истакна дека на годишно ниво базенот троши повеќе од милион евра, 15 проценти од вкупниот буџет наменет за ЈП „Чистота и зеленило“. Тој вели дека ги следи препораките на Вадата за штедење и го повика локалното СДСМ да побара од Владата субвенционирање и потенцираше дека не може да се занемарат други капитални инвестиции во градот кои нема да се реализираат доколку продолжи со работа базенот. Стојчевски на денешната прес-конференција рече дека Димитриевски поднел тужба против изведувачот и надзорот на градежните активности за базенот бидејќи, како што истакна, не е енергетско-ефикасен иако, чинел 4,5 милиони денари, нагласувајќи дека постапката е во тек. - Во 2016 година од страна на Советот, а по предлог на тогашниот градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски базенот е ставен под залог кон УЈП за неплатени обврски на ЈП „Чистота и зеленило“, односно неплатено ДДВ за период од 2003 до 2005 година и сè уште е под хипотека. Нека објасни зошто тогашното мнозинство во Советот предводено од СДСМ и тогашниот претседател на Совет Александар Арсиќ донело една ваква одлука со залог да го оптовари имотот на Општината, што воедно е и прв ваков случај во историјата на Куманово, кажа Стојчевски. Стојчевски најави дека на наредна седница ќе има конкретен предлог за делумно решавање на проблемот со енергетско напојување на овој објект. Базенот не работеше ниту од почетокот на годинава поради високи сметки за електрична енергија и гас. ам/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан