• петок, 05 јули 2024

Мисајловски во посета на припадниците на баталјонот за Специјални сили – Волци: Вие сте инспирација и херои на нашата нација

Мисајловски во посета на припадниците на баталјонот за Специјални сили – Волци: Вие сте инспирација и херои на нашата нација

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска ги посетиле припадниците на баталјонот за Специјални сили – Волци во касарната „Илинден“ во Скопје.

За време на посетата Мисајловски, како што соопшти Министерството за одбрана, бил брифиран за историјатот на единицата, мисиите и задачите кои ги остварува, учеството во мировните операциите како и операциите за заштита на источното крило на Алијансата мисијата eVA.

Министерот Мисајловски во разговор со припадниците на единицата упатил искрена благодарност за нивната служба и непоколеблива посветеност.

-Вие сте инспирација и херои на нашата нација. Чест и привилегија ми е да застанам пред вас припадници на најелитната единица на Армијата. Наши чувари на мирот, олицетворение на храброст и посветеност во службата значајни за Армијата и за граѓаните, истакнал министерот Мисајловски и додал дека ќе направи се за оваа, но и за останатите единици на Армијата да бидат на уште повисоко ниво на подготвеност и опременост.

При посетата, министерот Мисајловски бил запознат со дел од опремата која ја користат припадниците на единицата и ги посетил објектите на баталјонот за Специјални сили. дма/ац/

Фото: Министерство за одбрана

Остани поврзан