• понеделник, 23 декември 2024

Попов: Освен лаги власта нема ништо друго понудено на младите

Попов: Освен лаги власта нема ништо друго понудено на младите
Скопје, 12 август 2022 Денес е меѓународниот ден на млади, иако мојата прва намера беше да го честитам овој ден во мое име и во име на УМС, но во последните години владеење на СДСМ и ДУИ освен ветувања и лаги немаат ништо друго понудено на младите. Во последните години и покрај несреќните изјави дека учениците, студентите и младите се приоритет за нив, можеме да го видиме само спротивното. Ветуваа студентски градови, а од сликите кои стигаат до нас од студентите може да видиме дека шајка немаат заковано во веќе постоечките студентски домови. Ветуваа поквалитетно образование, а во последните години освен слободен пад на ранг листите на државниот универзитет ништо се нема променето. Ветуваа младинска  гаранција, а се почесто гледаме дека патот од клупите и амфитеатрите до работните места е невозможна мисија. Оставаа чевли, манипулираа со чувствата, ветуваат бројчаници, а реалната слика е дека секој ден некој млад човек го пакува целиот свој живот во два куфери и си заминува од Македонија. Доста е веќе лажење и манипулирање, иако тоа ви е модус операнди. Младите познаваат кој им е партнер во борбата за подобро утре и на следните избори вашата безидејност ќе биде жестоко поразена. Драги млади, упатувам повик до сите вас, да се приклучите во оваа битка и никогаш повеќе меѓународниот ден на млади да не помине во потенцирање на слабости и тонењето кон дното, туку прославување на успесите. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, интегрален текст од изјава на Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан