• сабота, 23 ноември 2024

Попов: Ги повикувам студентите масовно да излезат на протестот на 18 јуни, да се изборат за сопствената иднина

Попов: Ги повикувам студентите масовно да излезат на протестот на 18 јуни, да се изборат за сопствената иднина
Скопје, 10 јуни 2022 Во текот на вчерашниот ден објавивме информација дека во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ веќе 2 недели нема топла вода. Исто така објавивме дека хигиенските услови во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ се под секое човечко ниво и дека исхраната им е навистина понижувачка. Денес на покана на студентите сме во Студентскиот дом „Стив Наумов“. Од она што можевме да го слушнеме од самите студенти. Тие велат дека можеби топла вода имаат, но немаат каде да ја искористат, бидејќи погледнете како изгледаат тоалетите во Студентскиот дом „Стив Наумов. Вака изгледаат сите тоалети во овој студентски дом. На ова место пред 5 години социјалдемократската младина на Македонија им вети на студентите нов Студентски град и уште неколку Студентски градови ширум државата. Погледнете како изгледа местото каде тие го ветија Студентскиот град. Токму затоа симболично од истото место од каде они тоа го ветија и местото кое претставува лулка на македонскиот студентски хорор филм. Сакам да ги поканам студентите масовно да излезат на 18-ти јуни на протест. Да ја земат судбината во свои раце и да ги земат работите во свои раце. Самите да се изборат за сопствената иднина, бидејќи ова е веќе премногу. Промените се неминовни и тие ќе се случат. Се гледаме на 18-ти јуни. Сергеј Попов, претседател на Унија на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан