• четврток, 07 ноември 2024

Понеделник и четврток приемни денови во Општина Берово

Понеделник и четврток приемни денови во Општина Берово
Берово, 18 март 2022 (МИА) – Граѓаните од општина Берово ќе имаат можност да се сретнат со градоначалникот Звонко Пекевски секој понеделник и четврток, информираат од Општината. -Ги известуваме граѓаните дека, приемен ден ќе биде секој понеделник во временскиот период од 10:00 до 12:00 часот и секој четврток во периодот од 08:00 до 11:00 часот. Пријавувањето за прием, можат да го извршат во архива, во зградата на општина Берово и на телефонскиот број 033/471-057, се вели во соопштението. Оттаму додаваат дека претходно градоначалникот Пекевски реализирал теренски посети во повеќе населени места со цел запознавање со проблемите со кои се соочуваат. -Од тие посети договорени се приоритети по кои во наредниот период ќе се пристапи кон нивно решавање, велат од Општината. Најчести проблеми на кои ќе биде посветено внимание како што дополнија се проблемите во делот на инфраструктурата. вс/ки/

Остани поврзан