• понеделник, 23 декември 2024

Полска ќе изгради ѕид на границата со Белорусија

Полска ќе изгради ѕид на границата со Белорусија
Варшава, 16 ноември 2021 (МИА) - Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински најави дека Варшава годинава планира да почне со изградба на ѕид на границата со Белорусија. Тој додаде дека на четири делови од ѕидот ќе се работи деноноќно. Полска веќе подигна привремена ограда долж границата за да ги спречи мигрантите илегално да влезат во земјата. Оградата е направена од бодликава жица и е висока околу 2,5 метри. Планирано е да се замени со постојана бариера висока 5,5 метри, опремена со камери и детектори за движење. За проектот е планиран буџет од 366 милиони евра. Полската граница со Белорусија долга е 418 километри. ми/

Остани поврзан