• четврток, 26 декември 2024

Полска ја најави својата прва мисија на Меѓународната вселенска станица

Полска ја најави својата прва мисија на Меѓународната вселенска станица

Варшава, 2 декември 2024 (МИА) - Полска денеска ја најави својата прва мисија на Меѓународната вселенска станица (МВС), објави полска новинска агенција.

Полската технолошка мисија на МВС ќе се вика „Игнис“. Официјалното лого на мисијата беше кажано на прес-конференција.

„Игнис“ со учество на полскиот астронаут Славош Ујнански ќе биде дел од меѓународната мисија „Еј-Екс-4“.

Директорот на Полската вселенска агенција Гжегорж Врочна изјави дека мисијата „Еј - Екс“ ќе почне напролет. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан