• петок, 22 ноември 2024

Полска собра повеќе од 300 изјави на сведоци за војната во Украина

Полска собра повеќе од 300 изјави на сведоци за војната во Украина

Варшава, 16 март 2022 (МИА) - Полските обвинители собраа повеќе од 300 изјави на сведоци како дел од истрагата за наводните воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина, изјави  полскиот министер за правда.

- Веќе се собрани повеќе од 300 сведоштва и изјави на сведоци, кои опишуваат конкретни злосторства и злосторства што се случија во врска со рускиот напад врз Украина, рече Збигњев Зиобро,   државен обвинител на Полска, за време на заедничката прес-конференција со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан.

Кан ја посети Украина денеска, каде што одржа видео-конференција со претседателот на земјата, Володимир Зеленски, соопшти неговиот кабинет.

МКС започна официјална истрага за можни воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина која е нападната од Русија на 24 февруари.

Ниту Русија, ниту Украина не се членки на МКС, а Москва не го признава судот, основан во Хаг во 2002 година. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан