• четврток, 21 ноември 2024

Половина од Молдавците гласаа „за“ ЕУ, конечниот резултат и натаму неизвесен

Половина од Молдавците гласаа „за“ ЕУ, конечниот резултат и натаму неизвесен

 

Кишињев, 21 октомври 2024 (МИА) - Половина од Молдавците гласаа „за“ на референдумот вчера за аспирациите за членство на земјата во ЕУ, покажаа привремените резултати, што ја стави малата земја на пат да се приклучи на единствениот пазар и покрај притисокот од Русија.

Со преброени 97,66 отсто од гласовите до 3 часот по Гринич, 50 отсто од Молдавците гласале „за“, покажуваат резултатите објавени на веб-страницата на Централната изборна комисија на Молдавија.

Конечниот резултат се уште е неизвесен. Неколку часа претходно, делумните резултати покажаа дека 57 отсто не се подготвени да одлучат за влез во ЕУ.

Иако далеку од голем успех, резултатите се во корист на актуелната проевропска претседателка Маја Санду, која се кандидираше на изборите за да ја задржи својата позиција. Рано утрово, со преброени 97,7 отсто од гласовите, таа освои 41,91 отсто од гласовите.

Главниот ривал на Санду на претседателските избори, поранешниот главен обвинител Александар Стојаногло, освои 26,32 отсто од гласовите, поставувајќи ја основата за вториот круг на 3 ноември во сиромашната поранешна советска земја од југоисточна Европа.

Во изјавата за Молдавците, Санду доцна синоќа рече дека има „јасни докази“ дека криминалните групи кои работат заедно со странските сили непријателски на интересите на Молдавија се обидуваат да купат 300.000 гласови, како што таа го нарече „измама без преседан“. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан