• петок, 22 ноември 2024

Половина милион Авганистанци го напуштија Пакистан поради акцијата против мигрантите

Половина милион Авганистанци го напуштија Пакистан поради акцијата против мигрантите

Исламабад, 8 декември 2023 (МИА) - Речиси половина милион Авганистанци кои живееле во Пакистан се вратиле во својата земја во изминатите два месеци, откако пакистанската влада ја започна борбата против илегалните мигранти, изјави денеска привремениот министер за внатрешни работи Шафраз Бугти.

Претставници на пакистанската влада велат дека кампањата не е насочена кон Авганистанците, иако тие го сочинуваат најголемиот број странци во земјата.

Пакистан беше дом на над 1,7 милиони Авганистанци кои дојдоа таму пред четириесет години, а им се придружија уште половина милион кои избегаа од Авганистан, кога талибанците ја презедоа власта во таа земја во 2021 година по повлекувањето на американската армија и НАТО.

Привремениот министер за внатрешни работи Бугти на денешната прес-конференција рече дека во последните два месеци се вратиле над 482 илјади Авганистанци, од кои 90 отсто доброволно.

Тој рече дека Пакистан исто така одлучил да депортира десет Авганистанци кои легално престојувале во земјата, но биле вклучени во политички активности.

Бугти не ги идентификуваше десетте Авганистанци кои ќе бидат депортирани, ниту пак даде детали за нивните активности во пакистанската политика.

Повеќето Авганистанци не поднеле барање за пакистанско државјанство, бидејќи се надевале дека нема да бидат принудени да ја напуштат земјата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан