• понеделник, 23 декември 2024

Полицијата трага по сторителите кои го освекрнавија споменикот на Гоце Делчев во Струмица

Полицијата трага по сторителите кои го освекрнавија споменикот на Гоце Делчев во Струмица

Струмица, 5 февруари 2024 (МИА) - Полицијата трага по сторителите кои го осквернавија споменикот на Гоце Делчев во центарот на Струмица на 2 овој месец.

Како што инфомираше портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, бил извршен увид на споменикот, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Засега непознати сторители со авто лак испишаа пораки врз споменикот, но за вчерашното чествување на 152 години од раѓањето на Гоце Делчев споменикот беше исчистен.

Од Општина Струмица го осудија овој вандалски и дрзок чин и побараа од надлежните да ги откријат сторителите.

Споменикот на Гоце Делчев во Струмица е најголем во државата и е дело на скулпторот Бранко Конески. Висок е 5,20 метри и е подигнат во 1976 година. рт/мд/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан