• четврток, 19 февруари 2026

Полицискиот час го прекршиле 22 лица, 537 санкции за неносење маска

Полицискиот час го прекршиле 22 лица, 537 санкции за неносење маска

Скопје, 19 април 2021 (МИА) - Од 20.00 часот (18.04.2021) до 05.00 часот (19.04.2021) 22 лица не ја почитувале забраната за движење, додека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 537 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19. цр/дма/

 

Остани поврзан