• четврток, 04 декември 2025

Покажна вежба со симулација на опожарен авион на охридскиот аеродром

Покажна вежба со симулација на опожарен авион на охридскиот аеродром

Охрид, 2 декември 2025 (МИА) – Припадници на полицијата од СВР - Охрид и на граничната полиција од Регионалниот центар „Запад“ денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ учествуваа на симулирана показна вежба, со активности во случај на воздохуплов со опожарен двигател при полетување.

Притоа, полициските службеници ги увежбуваа и ги спроведоа предвидените мерки согласно безбедносните протоколи и постапија по план за преземање активности за реакција и поддршка - во услови на појава на безбедносни инциденти на воздухоплов.

Целта на вежбата е подигнување на степенот на оперативност на предвидените тактичко-технички мерки на сите служби во насока на брза и ефикасна реакција при случаи на појава на безбедносен инцидент со воздухоплов, ажурирање на координативните мерки, меѓусебната комуникација и информирање за инциденти и сл. 

Во вежбата учество зедоа претставници на „ТАВ Аеродром“ - Охрид, АКЛ, противпожарни екипи од „ТАВ“ и припадници на територијалните противпожарни служби од Охрид и Струга, како и екипи на Службите за итна медицинска помош од Охрид и Струга и на Црвевниот крст..

Според полициското соопштение, вежбата завршила успешно, со демонстрирана висока ефективност во реализацијата на предвидените безбедносни мерки. аб/aa/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан