• понеделник, 23 декември 2024

Познати добитниците на годинешната новинарска награда „Жан Моне“

Познати добитниците на годинешната новинарска награда „Жан Моне“
Скопје, 27 мај 2021 (МИА) - Сторијата „Од Вива ла Дива до победа во Стразбур, колку државата е отворена за транс права“, изготвена од новинарките Ивана Смилевска и Емилија Петреска од Радио МОФ, е новинарска сторија која ја освои годинешната награда „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во известувањето за прашања поврзани со темата „Солидарноста на Европската Унија за време на пандемија – очекувања и можности”. На 18-тото издание на наградата „Жан Моне“ за најдобра репортерска фотографија беше избрана фотографијата на Арбнора Мехмети, објавена на „Мета.мк“ како дел од репортажата за условите на работење на Итната медицинска помош. Додека, најдобрата аматерска фотографија на тема „Заедницата – тоа сме ние“ ја направи Виктор Поповски. Наградата ја доделуваат Делегацијата на Европската Унија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. ар/свс/  

Остани поврзан