• петок, 22 ноември 2024

ПОЕНТИ ОД ДЕНОТ: Офанзивата на Русија врз Украина продолжува 12 дена

ПОЕНТИ ОД ДЕНОТ: Офанзивата на Русија врз Украина продолжува 12 дена
9 март 2022 Офанзивата на Русија врз Украина продолжува и денеска, но со значително побавно темпо, соопштија вооружените сили на Украина. НЕДОСТИГ НА МЕДИЦИНСКИ МАТЕРИЈАЛИ

СЗО предупреди дека нападите врз украинските болници, амбулантите и другите здравствени установи „брзо“ се зголемиле во последните денови и дека виталните медицински материјали се при крај. Агенцијата на ОН соопшти дека работи на итно набавка на медицински материјали за Украина. Меѓу залихите што се смалуваат се кислород, инсулин, ППЕ, хируршки залихи и крвни продукти.

САНКЦИИ

Европската комисија подготви нов пакет санкции против Русија и Белорусија, кој ќе погоди дополнителни руски олигарси и политичари, како и три белоруски банки.

ЕУ одлучи да ги суспендира радиодифузните активности на Спутник и РТ/Раша Тудеј во блокот додека Русија не ја заврши војната во Украина и не ги запре кампањите за дезинформации во земјите-членки.

ХУМАНИТАРНИ КОРИДОРИ -Русија утринава објави прекин на огнот во осум градови, Украина се уште не одговорила

-Во функција е втор хуманитарен коридор меѓу Мариупол и Запорожје, објави украинскиот вицепремиер.

-Украинскиот вицепремиер предупреди дека иако првата фаза од евакуацијата на Суми е започната, Русија „се подготвува да ги попречи“. Центарот за стратешки комуникации и информациска безбедност во Украина објави дека иако руското министерство за одбрана официјално се согласило со хуманитарниот коридор, Ирина Верешчук предупреди: „Руската страна се подготвува да ја наруши работата на хуманитарните коридори и да манипулира со рутата за да ги принуди луѓето да одат на друг начин“.

-Во тек е евакуација на цивили од Ирпин, во близина на Киев. Украинската влада објави дека првата фаза на евакуација од Суми е започната.

-Русија наводно отворила хуманитарни коридори од Киев, Черхихив, Суми, Харков и Мариупол за да може да се евакуираат цивилите. Бомбардирањата на украинските градови продолжуваат, во Суми наводно се убиени деца. Ракетата погодила градинка во Харков БЕГАЛЦИ Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, изјави дека бројот на луѓе кои ја напуштиле Украина по руската инвазија денеска достигна 2 милиони. Дури 5 милиони Украинци би можеле да ја напуштат земјата ако продолжи инвазијата на Русија, рече првиот дипломат на ЕУ, додека Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека над 1,7 милиони ја напуштиле државата досега. БИЛАНС НА ЖРТВИ -Западните разузнавачки претставници очекуваат Русија да го зголеми темпото и силата на нападите врз клучните центри, вклучувајќи го и главниот град Киев. -Украинското МНР објави дека 12.000 руски персонал се убиени во најновата проценка на нивните загуби до денес. Русија потврди околу 500 загуби. Ниту една страна не ги откри украинските жртви. -Украинското воено разузнавање денеска соопшти дека украинските сили убиле руски генерал во близина на опколениот град Харков, втор руски висок командант кој загинал во инвазијата. Руското Министерство за одбрана не можеше веднаш да одговори на украинските тврдења. Засега нема потврда од независни извори/медиуми. НАФТЕНА КРИЗА - Русија предупреди дека цената на нафтата би можела да се искачи до 300 долари за барел и може да го затвори главниот гасовод за Германија, доколку Западот го запре увозот на нафта поради инвазијата на Украина, бидејќи мировните преговори постигнаа мал напредок. -Газпром продолжи со испорака на гас преку Украина со исто количестви од 109,5 милиони кубни метри дневно. -Енергетската компанија Шел соопшти дека ќе престане да купува руска нафта и гас и ќе ги затвори своите бензински пумпи во земјата. -Русија му се закани на Западот со огромни цени на бензинот и „катастрофални последици“. Тие велат дека би можеле да го затворат Северен тек 1 ПОМОШ - Светската банка одобри 723 милиони долари заеми и грантови за Украина кои ќе бидат префрлени во следните неколку дена. -Преговарачите на американскиот Конгрес се приближија до договор за обезбедување на Украина милијарди долари итна помош. Белата куќа побара 10 милијарди долари. РАЗГОВОРИ: -Украинскиот претседател Володимир Зеленски извести од канцеларијата, велејќи дека останува во Киев -Мал напредок е остварен во преговорите одржани вчера (трета рунда) Руските преговарачи рекоа дека немаат позитивен развој за известување по разговорите со Украина и предупредија да не се очекува следната рунда да донесе конечен резултат. Разговорите „не се лесни“, рече Владимир Медински. -Украинскиот преговарач Михаило Подољак рече дека е постигнат мал напредок за усогласување на логистиката за евакуација на цивилите, но не е постигнат договор што значително ја подобрува пошироката ситуација. -Четвртата рунда ќе се одржи многу наскоро, соопшти Русија. Се очекува в четврток во Турција да се сретнат министрите за надворешни работи на Русија и Украина. МЕЃУНАРОДНИ СОСТАНОЦИ: - Германија ќе биде домаќин на виртуелен состанок на министрите за земјоделство од земјите на Г7 в петок, на кој ќе се разговара за влијанието на инвазијата врз глобалната безбедност на храната и како најдобро да се стабилизираат пазарите на храна, соопшти владата. -  Путин ја отфрли можноста за регрути за Украина. Русија нема да користи ниту еден регрутен војници во Украина ЦИТАТИ -„Во Украина течат реки од крв и солзи. Ова не е само воена операција, туку војна која води кон смрт, уништување и беда“, рече папата Франциско, отфрлајќи го терминот на Москва „воена операција“.  

Остани поврзан