• понеделник, 23 декември 2024

Поевтинуваат горивата

Поевтинуваат горивата
Скопје, 4 јули 2022 (МИА) - Од полноќ поевтинуваат горивата од половина до еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. За еден денар се намалува цената на Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, а за половина денар Еуросупер БС-95 и Еуродизелот. Новата цена на Еуросупер БС-95 од полноќ ќе биде 108,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 110,5 денари за литар, а дизелот по цена од 103,5 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 102 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,422 ден/кг и сега ќе изнесува 53,727 ден/кг. бак/    

Остани поврзан