• петок, 22 ноември 2024

Подгорица: Полициски претрес во Агенцијата за спречување корупција

Подгорица: Полициски претрес во Агенцијата за спречување корупција

Подгорица, 17 април 2024 (МИА) - Припадници на црногорското Специјално полициско одделение (СПО) по налог на Специјалното државно обвинителство утрово влезе во просториите на Агенцијата за спречување корупција (АСК).

Локалните медиуми јавуваат дека директорката на АСК, Јелена Перовиќ, заминала од агенцијата во придружба на полицијата и на својот адвокат, но засега не е познато дали е приведена.

Според неофицијални информации, службениците на СПО, меѓу другото, одзеле документација за наводна злоупотреба на службеното возило, а Перовиќ ја однеле да сведочи на претресот на нејзиниот службен автомобил БМВ, по што се вратиле во зградата на АСК. ссм/

фото: принтскрин

 

Остани поврзан