Поглаварот на ААПЦ, архиепископот Јанулатос префрлен во Грција на специјализирано лекување
- Поглаварот на албанската автокефална православна црква, Архиепископ Анастас Јанулатос, поради влошена здравствена состојба пренесен е на специјализирано лекување во Грција.
Тирана, 3 декември 2025 (МИА) - Поглаварот на албанската автокефална православна црква, Архиепископ Анастас Јанулатос, поради влошена здравствена состојба пренесен е на специјализирано лекување во Грција.
Тој на 30 декември беше хоспитализиран во болница во Тирана, поради, како што беше соопштено, тешка форма на грип.
Според медиумите, состојбата на архиепископот Јанулатос моментно е стабилизирана и тој е под контрола на лекарите во болницата „Евангелизам“ во Атина.
И во ноември 2020 година, кога се зарази со Ковид-19, архиепископот се лекуваше во истата болница.
Неговото Блаженство Анастас Јанулатос од Грција во Албанија пристигна по падот на комунистичкиот режим, во 1991 а година подоцна или од јуни 1992 година е на чело Автокефалната православна црква на Албанија или како што му е официјалната титула Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија. вт/ссм/
Фото: ААПЦ