• понеделник, 01 јули 2024

Погба потпиша договор со француски клуб

Погба потпиша договор со француски клуб
Париз, 27 мај 2020 (МИА) - Флорентин Погба, брат на многу попознатиот француски репрезентативец и фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Погба, потпиша договор со Сошо, објавено е на официјалниот Твитер на клубот. Дваесет и деветгодишниот репрезентативец на Гвинеја, претходно играше за Седан, Сен-Етјен, Генчлербирлиги и Атланта. Порталот „Transfermarkt com.“ ја проценува вредноста на играчот на 475 илјади евра. За време на неговата кариера, тој постигна девет голови и оствари осум асистенции на 219 натпревари. Има одиграно 21 средба за репрезентацијата на Гвинеја. зс/

Остани поврзан