• вторник, 07 април 2026

Убедлив пораз на македонските кошаркарки на крајот од квалификациите за Евробаскет 2027

Убедлив пораз на македонските кошаркарки на крајот од квалификациите за Евробаскет 2027

Скопје, 17.март 2026 (МИА) – Женската македонска кошаркарска репрезентација претрпе убедлив пораз во последното коло од квалификациите за Евробаскет 2027. Во Скопје победа од 91:53 славеа кошаркарките на Хрватска.

На тој начин македонската репрезентација со само една победа (против Данска) го заврши настапот во групата на последното четврто место. Денешниот натпревар македонскиот тим го одигра дополнително ослабен бидејќи поради повреда селекторот Александар Ашаданов не можеше да смета на Американката со македонски пасош Мерит Хемпе.

Најефикасна во македонскиот тим беше Милица Николиќ со 16 поени, додека на дуелот Шавонте Зелус со 18 поени.

На вториот дуел од групата Грција ја совлада Данска со 99:77.

Хрватска го освои првото место во групата, пред Грција двете селекции со скор 4-2 (победи-порази), Данска е трета со биланс 3-3, а Македонија има 1-5. мн/

Фото: Фејсбук МКФ

Остани поврзан