• вторник, 05 ноември 2024

Повторно активиран еден крак од пожарот на Јасен

Повторно активиран еден крак од пожарот на Јасен

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Еден крак од пожарот на Јасен е повторно активиран, а во гаснење на пожарот се вклучени и специјалци на МВР и припадници на Армијата, информираат од Центарот за управување со кризи.

- Синоќа и утрово, а и до сега, во предел на пожарите кај селото Тажево и ЈП „Јасен“ - заштитеното повеќенаменско подрачје, имаше малга помешана со чад, од којашто покрај тоа што се немало прегледност, не било безбедно да се дејствува по земја. По дигањето на маглата и појава на ветер, се створија услови за распоредување на триесетте припадници на специјалните сили на МВР,  но повторно се појави огнот на дел од кракот којшто беше изгаснат во „Јасен“, информираат од ЦУК.

Воздухопловите утрово биле префрлени на страната кон селото Тажево и Брезница, Општина Македонски Брод. 

Според планот на Главниот штаб при ЦУК, специјалците е предвидено да се во линија за дејство кон сртот на Тажево, кон репетиторот и кога ќе стасаат и заштитат планираната линија  е потребно да стапат во контакт и комуникација со лицето за координација за дејство по земја. 

- Додека, специјалците од МВР го изведуваа маневарот за распоредување според планот, припадниците на Армијата се движеа кон зборното место кај репетиторите во Тажево и откако стасале за кратко се распоредени и се вклучени во гаснењето заедно со вработените на „Јасен“, според специфичноста на теренот и условите за гаснење на пожарот. Од ЈП „Јасен“ известија дека има еден крак од пожарот, што во моментот е повторно активиран, при што предложија  армиските припадници да се поделат во два дела. Притоа, едниот армиски дел да помогне во активностите на справување со кракот кон Тажево и Брезница, а другите да се вратат назад кон „Јасен“ и да помогнат да се изгасне и тој крак, соопштуваат од ЦУК.

Дејствувањето врз пожарот е во координација со Главниот штаб при ЦУК, согласно глобалните планирани активности утрово и согласно моментните ситуации после расчистувањето на маглата во реонот за дејство по пожарот кај  село Тажево и  повторното активирање на дел од изгасениот пожар во „Јасен“. ев/цр

ФОТО: МИА Архива

Остани поврзан