Повик за стипендии во рамки на Летната истражувачка програма на Република Турција
- Министерството за образование и наука известува за можност за аплицирање за стипендија во рамки на Летната истражувачка програма на Република Турција.

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Министерството за образование и наука известува за можност за аплицирање за стипендија во рамки на Летната истражувачка програма на Република Турција.
-Студентите кои студираат на прв циклус на студии во својата матична земја може да се пријават за спроведување на истражување од 7 јули до 28 август 2025. Пријавувањето за стипендија трае од 26 март до 22 април 2025, соопшти МОН.
Подетални информации за критериумите и условите за остварување на правото на стипендија може да се обезбедат на линкот: https://pure.sabanciuniv.edu/announcements/pure-summer-24-faq хс/дма/
Фото: МИА архива