• понеделник, 23 декември 2024

Повеќе од 700 каратисти од десет држави пријавени за Гран при Македонија

Повеќе од 700 каратисти од десет држави пријавени за Гран при Македонија

Скопје, 23 март 2023 (МИА) – Во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје претстојниот викенд ќе се одржи меѓународниот карате турнир Гран при Македонија.

 

- На турнирот до сега се пријавени 728 натпреварувачи од Албанија, Азербејџан, Бугарија, Грција, Косово, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција.
За одбележување особено ќе бидат натпреварите во борби во категоријата кадети и јуниори машки во апсолутна категорија, каде се пријавени натпреварувачи кои се светски и европски прваци во овие категории.
Отворањето на првенството ќе биде в сабота (25 март) во 12:30 часот од страна на градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, соопштија од Карате федерацијата на РС Македонија.

 

На турнирот учесниците ќе се натпреваруваат во дисциплината кати и борби во соодветните возрасти и категории. зс/

Остани поврзан