• петок, 05 јули 2024

Повеќе од 28.000 жени во Саудиска Арабија аплицирале за 30 работни места како машиновозачи

Повеќе од 28.000 жени во Саудиска Арабија аплицирале за 30 работни места како машиновозачи

Ријад, 17 февруари 2022 (МИА) - Повеќе од 28.000 жени во Саудиска Арабија аплицирале за 30 работни места како машиновозачи во шпанската железничка компанија „Ренфе“. Ова е првпат во историјата на Саудиска Арабија жените да имаат пристап до оваа професија, се вели во соопштението на компанијата.

Како што е наведено, масовниот одѕив ја покажува големата трансформација на жените како дел од работната сила во таа земја за многу кратко време.

На жените во таа конзервативна држава неодамна, од 2018 година, им беше дозволено да возат свои автомобили.

Избраните 30 кандидати ќе управуваат со брзи возови меѓу саудиските свети градови Мека и Медина. паг/

Остани поврзан