• петок, 22 ноември 2024

Повеќе од 10 лица избодени во случаен напад јужно од Сеул

Повеќе од 10 лица избодени во случаен напад јужно од Сеул

Сеул, 3 август 2023 (МИА) - Повеќе од 10 лица се повредени во очигледно случаен напад со нож јужно од главниот град на Јужна Кореја, Сеул, се наведува во денешните медиумски извештаи, за кои пренесува ДПА.

Полицијата приведе осомничен кој избодел луѓе во близина на метро станица во градот Сеонгнам, објави денеска агенцијата Јонхап.

Состојбата на жртвите првично е нејасна, пренесе јужнокорејската агенција. сд/

Остани поврзан