ПМФЛ: Силекс го декласира Вардар во битката за опстанок
- Актуелниот македонски фудбалски првак Вардар е сè поблиску до преселба во Втората лига, откако попладнево загуби на гостувањето кај Силекс со убедливи 6:0 и со петтиот пораз во низа, се спушт
Скопје, 11 април 2021 (МИА) - Актуелниот македонски фудбалски првак Вардар е сè поблиску до преселба во Втората лига, откако попладнево загуби на гостувањето кај Силекс со убедливи 6:0 и со петтиот пораз во низа, се спушти на претпоследното место на табелата на седум кола до крајот на првенството.
ПМФЛ-26. коло/резултати:
Академија Пандев – Шкупи 0:1 (Диак 78 минута)
Беласица – Македонија ЃП 0:2 (Робсон Да Силва 45 минута, Чарлестон 84)
Борец – Струга Трим 0:1 (Мециновиќ 48)
Ренова – Шкендија 0:3 (Ибраими 51, Вандерсон Да Силва 75, Елези)
Силекс – Вардар 6:0 (Ристов 4, 19, 53, Ѓоргиев 63, 71, 83)
Работнички – Пелистер 3:1 (одиграно во сабота)
Табела: Шкендија 59, Шкупи 49, Македонија ЃП 44, Струга Трим 40, Работнички 39, Борец 33, Пелистер 32, Академија Пандев 31, Силекс 29, Ренова 27, Вардар 27, Беласица 14. ег/бт/