• понеделник, 06 мај 2024

ПМФЛ: Силекс и Академија Пандев ремизираа на отворањето на 4. коло

ПМФЛ: Силекс и Академија Пандев ремизираа на отворањето на 4. коло
Кратово, 27 август 2022 (МИА) – Премиерниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) донесе поделба на пленот, откако фудбалерите на Силекс и Академија Пандев одиграа попладнево во Кратово нерешено 1-1 (1-1). Домашниот тим дојде во водство во 37 минута преку Обадовиќ, а гостите од Струмица го израмнија резултатот шест минути подоцна преку Велиновски. Мрежите мируваа во вториот дел за поделба на бодовите, со што Силекс моментно е второпласиран со осум бодови, а Академија Пандев е две места подолу на табелата со четири бодови. Преостанатите четири натпревари се на програмата утре, а дербито се игра во Струмица каде Шкендија ќе ги пречека фудбалерите на Струга. Штипска Брегалница е домаќин на Македонија Ѓорче Петров, Работнички го пречекува Тиквеш, додека во градската пресметка Скопје пред своите гледачи ќе игра против актуелниот првак Шкупи. ег/вј/

Остани поврзан