• понеделник, 01 јули 2024

ПМФЛ: АП Брера Струмица подобра од шампионот Струга ТЛ

ПМФЛ: АП Брера Струмица подобра од шампионот Струга ТЛ

Струга, 21 август 2023 (МИА) – Екипата на АП Брера Струмица го забележа третиот триумф во третиот свој настап сезонава во Првата македонска фудбалска лига. Струмичани попладнево го совладаа актуелниот македонски шампион Струга ТЛ на гостински терен со 2:1.

 

Ване Крстевски и Марио Врдољак ги постигнаа головите за Брера, Бесарт Ибраими во 53. минута се запиша во листата на стрелците кај домаќините за во тој момент изедначување на 1:1.

 

За Струга ТЛ ова е прв пораз по две кола во новото првенство.

 

Резултати на вчерашните натпревари од 3.коло во ПМФЛ: 

Брегалница – Гостивар 2:1
Работнички – Македонија ЃП 1:0
Шкупи – Силекс – 1:1
Тиквеш – Шкендија 1:2
Воска – Вардар 3:2.

Табела: Брера Струмица 9 бода, Тиквеш, Шкендија, Работнички и Брегалница по 6 бода, Силекс и Шкупи по 4, Струга Македонија ЃП и Воска по 3, Вардар и Гостивар 0. зс/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан