• петок, 28 јуни 2024

Пловечкото пристаниште во близина на Газа веќе е готово и ќе почне да функционира, соопштија американските вооружени сили

Пловечкото пристаниште во близина на Газа веќе е готово и ќе почне да функционира, соопштија американските вооружени сили

Газа, 16 мај 2024 (МИА) - Американските војници ја завршија изградбата на пловечкото пристаниште во близина на Појасот Газа и веќе се подготвени да почнат со испорака на многу потребната хуманитарна помош на палестинската територија, која е блокирана повеќе од седум месеци од избувнувањето на војната меѓу Израел и Исламистичката група Хамас.

Конечната конструкција го означува почетокот на сложениот процес на испорака повеќе од два месеци откако американскиот претседател Џо Бајден нареди почеток на градежните активности.

Пловечкото пристаниште има за цел да им помогне на Палестинците кои се соочуваат со глад поради блокадата на храна и хуманитарни резерви по неодамнешното заземање на клучниот граничен премин Рафах од страна на израелските сили. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан