• петок, 27 септември 2024

„Планот за одржлива урбана мобилност“ ќе се вметне во сообраќајната студија при изработка на ГУП Куманово

„Планот за одржлива урбана мобилност“ ќе се вметне во сообраќајната студија при изработка на ГУП Куманово

Куманово, 19 септември 2024 (МИА) - Утврдени се зоните на смирен сообраќај покрај училиштата во Куманово, како дел од „Планот за одржлива урбана мобилност“ (ПОУМ), соопштија денеска надлежните од секторот за урбанизам од општина Куманово.

Планот за одржлива урбана мобилност треба да ги реши потребите на кумановци во однос на повеќе пешачки зони, велосипедски патеки...

- Куманово, покрај изработката на Генералниот Урбанистички План (ГУП) изработи, а Советот го усвои „План за одржлива урбана мобилност“, (ПОУМ) во кој се предвидени повеќе мерки во пет различни столба. Едниот и дел од мерките веќе се почнати за спроведување како мерката зона на смирен сообраќај околу училиштата, подготвени се проектите, добиена е согласност од МВР за траен режим на сообраќај, потребна е реализација од страна на општината, изјави раководителката на секторот за урбанизам, Емилија Сларидис Јаневска.

Во рамките на планот предвидена е пешачка зона во три фази, дел е почнато да се реализира со тековната реконструкција на малиот градски плоштад, по што треба да следи спојувањето на двата плоштади. Во тој столб од планот предвидено е поттикнување и користење на други алтернативни превозни средства покрај автомобилите, мерка која во општината се спроведува преку бесплатниот јавен превоз. Од секторот за урбанизам нагласуваат дека носењето на планот има десетгодишен период и општината ќе инсистира еконосмките опретаори да го вметнат планот при изработка на сообраќајната студија.

- Најважна ни е сообраќајната студија и сме во фаза на подготовка на тендерската документација, секако во обврска на економскиот оператор кој ќе ја изработува студијата ќе биде максимално почитување на планот за одржлива мобилна да го вгради, студијата да оди чекор напред да даде но визија на сообраќајот на градот, предводена од европските стандарди и нормативи. Само така ќе можеме за реализација да црпиме европски фондови, повеќе велосипедски патеки, пешачки зони и бидејќи и градот се шири да се додадат нови автобуски линии, ќе се даде предлог за формирање ново на јавно претпријатие за автобуски превоз тоа останува да покаже самата студија и да бидат изработени, вели Сларидис Јаневска.

Дел од граѓаните кои користат велосипед како превозно средство се жалат дека постоечките велосипедски патеки се зафатени од паркирани автомобили долж булеварите, особено на „Трета Македонка Ударна Бригада“

- Најголемите забелешки е непостоење на слободни површини за пешачење односно изградените тротоари наменети за пешаци се користат за паркирање на автомобили. Има и велосипедски патеки долж булеварите, но реално таму ниту може да се вози ниту да се пешачи што е реална забелешка на граѓаните и потребна е да проработи совеста на граѓаните совесните не се паркираат на тротоар, изјави Сларидис Јаневска.

Граѓаните дадоа предлози, размислувања како да се подобри јавниот превоз, дали е потребно да се затвори за сообраќај во одредено подрачје од градот, на кои локации се потребни повеќе велосипедски и пешачки патеки, алтернативни начини на превоз во однос на возилата, поздрава животна средина. Воедно, беше организирана и анкета која беше достапна на веб-страницата на општината. ам/цр


Фото: МИА и општина Куманово

Остани поврзан