• недела, 30 јуни 2024

Во Пинтија почнуваат градежните активности за изградба на нова фекална канализација

Во Пинтија почнуваат градежните активности за изградба на нова фекална канализација

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Во населбата Пинтија во општина Кисела Вода денеска беше означен стартот на градежните активности за изградба на фекална канализација. Од Општината велат дека ова населено место 40 години е без фекална мрежа, а зафатот ќе биде во должина од 1400 метри со што ќе бидат опфатени повеќе од 200 домаќинства.

-Оваа фекална канализација привремено ќе биде приклучена во кругот на ОХИС до моментот кога ќе почнеме да ја градиме фекалната канализација за населбите Каменик 1 и 2, бидејќи за приклучување на оваа мрежа ќе треба да се премине преку булеварот ,,Борис Трајковски”, изјави денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Тој рече дека веднаш откако ќе завршат градежните активности и сите домаќинства ќе бидат приклучени кон главните водови, ќе се пристапи кон санација на улиците. сх/бак/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан