• понеделник, 23 декември 2024

Пешак загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Пешак загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Куманово, 9 јануари 2024 (МИА) - Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, откако во него удрил автомобил "ауди", соопшти СВР Куманово. 

-Во  20.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка во населба Карпош, патничко моторно возило "ауди", управувано од Н.Т.(22) од село Добрача, Старо Нагоричане, удрило во пешакот З.Ѓ.(59) од Куманово. Во незгодата пешакот З.Ѓ. починал на самото место, соопшти полицијата. 

Увидот е  во тек. ам/вг/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан